Самит на најразвиените земји во светот без учество на Русија

Од:

Лидерите на Групата седум најразвиени земји во светот ќе се состанат денеска во Брисел, на средба на која првпат во изминативе 17 години нема да учествува Русија.

На дводневниот самит на Г-7, кој почнува денеска во белгискиот главен град, а не како што претходно беше планирано во руското одмаралиште Сочи, ќе се разгледаат клучните прашања од надворешната политика, економијата, трговијата и енергетската безбедност.

Самитот ќе почне со вечера, на која ќе биде дискутирано за надворешната политика, вклучувајќи ги односите со Русија во светло на неодамнешното анектирање на Крим кон Руската Федерација, помошта на Европската унија за Украина, а на дневен ред се и случувањата во Сирија, Авганистан, Мали, Централноафриканската Република и Северна Кореја.

На економските дискусии утре изутрина се очекува во фокусот да биде темата за трговија, вклучувајќи ги преговорите за слободна трговија, кои се водат меѓу ЕУ и САД, ЕУ и Канада и ЕУ и Јапонија, соработката во борбата против затајувањето даноци и напорите за поддршка на светската економска обнова.

– Поддршката на растот и на вработувањето останува клучен приоритет за членките на Г-7 и стабилизирањето во оваа сфера почнува да се забележува, се наведува во документот во врска со самитот, објавен вчера.

Одлуката за исклучување на Русија беше донесена од останатите членки на Г-7, САД, Германија, Франција, Велика Британија, Канада, Јапонија и Италија во март, откако Москва го анектираше Крим.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Русија ги нападна Киев и другите украински градови со беспилотни летала

Русија е против идејата на Ердоган кој вели Крим да е под контрола на Украина

Горан Наумовски

Русија: Шест британски дипломати обвинети за шпионажа