Српскиот премиер го бранеше министерот за внатрешни работи, обвинет за плагијат

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ се обиде да го заштити денеска својот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ откако тројца научници кои живеат во Британија, наведоа дека неговата докторска дисертација е плагијат.

Истовремено сајтот што ги објави обвинувањата беше блокиран од он-лајн напаѓачи.

Полицијата почна истрага по нападот врз сајтот Пешчаник кој се совпадна со тврдењата на ОБСЕ за „тревожни тенденции“ на цензура на критични медиуми против владата.

Во неделата на Пешчаник беа објавени ставовите на тројцата српски научници кои работат во Велика Британија и кои ја анализираа докторската дисертација на Стефановиќ и заклучуваат дека таа е „сериозен плагијат“.

Стефановиќ негираше, но не даваше одговори за новинари од западни медиуми кои денеска се обидуваа да го добијат за коментар. Вучиќ ги отфрли обвиненијата кон Стефановиќ наведувајќи дека завршил Правен факултет и „знае нешта во таа сфера“.

Научниците – лектор по право Угљеша Грушиќ од Универзитетот во Нотингем, Бранислав Раделиќ професор по меѓународна политика во Универзитетот во источен Лондон и Слободан Томиќ докторант од лондонската школа за економија тврдат дека дисертацијата не успева да покрие „минимум технички стандарди“ и содржи „исклучително мал број белешки“.

Сајтот Пешчаник соопшти дека блокирањето му е извршено од адреса регистрирана во приватниот универзитет Мегатренд каде Стефановиќ ја добил докторската титула во 2013 година, две години по магистрирањето.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ