(ВИДЕО) Арсена: Водата за пиење во Гевгелија не е безбедна, зголемено присуство на арсен

Од:

Водата во Гевгелија не е безбедна за пиење потврдила анализата на Институтот за јавно здравје, која ја побараа активисти од Граѓанската иницијатива „Арсена“.

Тие пред три месеци алрмираа дека гевгеличани пијат вода каде е присутен отровниот металоид-арсенот и тогашните испитувања покажале дека 14,8 микрограми арсен се присутни во литар вода што е за 48 отсто повеќе од дозволента пропишана граница од Светската здравствена организација. Најновата анализа која ја направиле од „Арсена“ на 16-ти минатиот месец покажала дека освен тоа што водата од градскиот водовод не е безбедно да ја пие човек, зголемено е присуството на арсен за 1,5 мерни единици или сега во литар вода има 15,32 микрограми од отровниот металоид што е влошување.

Voda-Analiza-1

„Испитаниот примерок вода за пиење не одговара на законските и стручни прописи во однос на физичко-хемиската анализа заради зголемена содржина на арсен.

Потребно е да се врши деарсенификација (редукција на арсен) и редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење. Испитаниот примерок вода за пиење не е безбеден за конзумирање од страна на човекот“, стои во анлизата на Институтот за јавно здравје.

Граѓанските здруженија но и невладините организаци во Гевгелија се загрижени од индолентноста на градските власти, но и од фактот што вистината според нив не е добродојдена во нивниот град.

Voda-Analiza-2

„Граѓанската иницијатива „Арсена“ е загрижена за индолентноста по ова прашање во однос на здравјето на гевгеличани од страна на надлежните на сите нивоа на одлучување. Прикриениот молк на надлежните локални тела за присуството на арсенот во водата и прикриената забрана на некој начин да се зборува на оваа тема упатуваат на заклучокот како вистината да не е во Гевгелија. За цензура на медиуми сме чуле, но за цензура на свеста уште не сме чуле. Затоа, во име на граѓаните од нашата општина кои недолжно консумираат од отровната вода секој ден, бараме општината да ги субвенционира трошоците за набавка на пакувана вода за секое семејство кое користи вода од гевгелискиот водовод, а Јавното комунално претрпијатие „Комуналец“ да ја намали цената на водата на ниво на техничка вода“, изјавија од Арсена.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно