Вељаноски го прими новоименуваниот амбасадор на Кина Џеншун

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија Вен Џеншун.

На средбата, претседателот Вељаноски му посака добредојде и успешна работа во новиот мандат на амбасадорот Џеншун. Двајцата соговорници се согласија дека Република Македонија и Народна Република Кина имаат одлична билатерална соработка, пријателски односи и изразија желба таквата соработка да продолжи и понатаму работејќи на нови проекти.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, на средбата се разговараше за досегашните успешни проекти остварени во соработка со претходните кинески амбасадори во Македонија, како проектите за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и автопатот Кичево – Охрид, кои се реализираат преку соработка и поддршка на Владата на Народна Република Кина. Овие проекти, како што се наведува, претставуваат дополнителен стимул за продлабочување на соработката меѓу двете земји во сите сфери на заеднички интерес.

Амбасадорот Џеншун изрази брагодарност за средбата и пренесе честитки до Вељаноски за неговиот повторен избор за претседател на Собранието од Претседателот на Секинескиот Народен Конгрес и од свое лично име.

Претседателот на Собранието Вељаноски, заблагодарувајќи се за честитките, го истакна значењето на парламентарната дипломатија во унапредувањето на добрите односи меѓу двете земји. Упати отворена покана до својот колега, претседателот на Секинескиот народен конгрес на Народна Република Кина, Џанг Деџианг за официјална посета на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски