Најмалку 19 лица се убиени, а голем број се повредени во девет бомбашки напади кои се случиле на повеќе места во Ирак.
При експлозија на бомба пред францускиот конзулат во Насирија загинал еден човек, а најмалку уште еден повреден.
Во текот на ноќта, напаѓачи и еден бомбаш-самоубиец убиле 11 војници, а повредиле осум во воената база во Дуџаил, северно од Багдад.
Во друга база надвор од градот Киркук, седум полициски регрути загинаа во експлозија.
Експлозијата се случила на паркинг во кругот на нафтената компанија на северен Ирак, оддалечена околу 15 километри од Киркук, сооопшти полицијата.