Србија остана без борбени авиони?

Од:

Србија во моментов не може да користи ниту еден од воените авиони „миг“, бидејќи од Русија не набавила акумулатори за овие летала, пренесуваат српските медиуми.

Воено-политичкиот коментатор Мирослав Лазански за „Наше новине“, вели дека проблемот настанал поради пари и бирократија.

-Се зборува за цена од десетина илјади евра по комплет за акумулаторите, но не се проблем само парите, туку и бирократијата која во недоглед ги продолжува јавните набавки иако дури и руските ескадрили, кои го користат авионот „миг 29“ преминаа на набавка на акумулаторите на цивилниот пазар. За време на поплавите сите бевме сведоци дека немаме доволно хеликоптери, а авиони немаме ниту за извршување на основните летачки обуки. Проблем е што во буџетот не постои точка за воздухопловството, иако сигурно тој кредит би ни бил одобрен, објаснува Лазански.

Во документите на војската на Србија пишува дека има воздухопловни бригади во Батајница, Краљево и Ниш и десетина видови на авиони и хеликоптери се во употреба, освен во случајот со хеликоптерот „газела“, сите други летала или не летаат воопшто или мал број од нив се во исправна состојба.

Според пишувањето на „Наше новине“ во функција се само три авиони „миг 21“ , исто толку „миг 29“, додека од „Г-4 супергалеб“ само десетина се исправни.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ