Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи литературна средба со истакнати српски поети Радомир Андриќ, претседател на Здружението на писателите на Србија, Душан Стојковиќ, Јеремија Лазаревиќ, Миодраг Јакшиќ и Милица Лилиќ.
На средбата свои стихови ќе чита и Гордана Стојковска, член на македонската и на српската писателска асоцијација.
За творештвото на гостите од Србија ќе зборува писателот Христо Петрески, а средбата ќе ја отвори поетот Кочо Топузоски, секретар за меѓународна соработка на Друштвото на писателите на Македонија. Програмата ќе ја води Андријана Коровешовска.