Илјадници Шпанци демонстрираа синоќа во центарот на Мадрид со барање за укинување на монархијата во Шпанија, откако вчера кралот Хуан Карлос де Бурбон објави дека абдицира.
„Бурбоните на избори“, беше еден од слоганите, кои можеа да се прочитаат на плакатите, кои ги носеа демонстрантите, кои развиорија знамиња на Втората шпанска република, прогласена во 1931 година.
Демонстрациите се одговор на повиците на партиите и организациите од левиот политички спектар, кои се надеваат дека такви демонстрации ќе се одржат и во други шпански градови.