Индиската полиција употреби водени топови за растурање на стотици жени кои протестираа денеска во Лакнау, главниот град на индиската провинзија Утер Прадеш, против групните силувања на тинејџерки и млади жени.
Жените излегоа на протест откако беше објавено дека две сестри биле групно силувани и задушени во истата индиска сојузна држава, а потоа нивните тела биле оставени закачени на дрво.
Полицијата во Утар Прадеш се уште работи на идентификување на трупот на млада жена, што исто така, била жртва на групно силување во окургот Барели, наведува ДПА.