Маријано Рахој: Ова е вистинско време за промена на шпанскиот престол

Од:

Шпанскиот премиер Маријано Рахој му изрази денеска голема благодарност на кралот Хуан Карлос, за неговата улога на „бранител и заштитник на интересите на Шпанија“, откако претходно соопшти дека кралот го известил за својата намера да абдицира и да се повлече од престолот.

– Убеден сум дека ова е најдобриот момент за промена, изјави Рахој.

Шпанија нема прецизни законски правила околу абдикацијата и наследувањето на престолот, па премиерот Рахој објасни дека министрите ќе се соберат денеска на вонредна владина седница, околу процесот за пренос на кралската круна на принцот Фелипе Шести, син на кралот Хуан Карлос.

Во кусото соопштение до шпанската јавност, премиерот не даде никакво објаснување за мотивите за решението да на кралот да се повлече.

Во Мадрид се верува дека причните за абдикацијата подоцна ќе ги открие Хуан Карлос, но познато е дека тој последниве години имаше проблеми со здравјето,по неколкуте хирушки операции на колкот.

Хуан Карлос (76) со години на ред важеше за еден од најомилените монарси во светот, иако во Шпанија неговата популарност, како и популарноста на кралското семејство, постајано се намалуваше.

Како причина за тоа се посочува долгиот и развлечен корупциски скандал во семејството, околу злоуотребата на средствата на регионалните власти во Палма де Мајорка, за што е обвинет зетот на кралот, Урдангарин, некогашен најдобар шпански ракометар, но во кој е вовлечена и неговата сопруга, ќерката на кралот, принцезата Кристина, која на два пати беше повикана на сослушување во судот.

Угледот на Карлос уште повеќе се намали, откако се разбра дека во април 2012 година, кралот бил на еден луксузен и скап лов со слонови, во Боцвана, во време кога Шпанија се наоѓаше на врвот од својата финансиска криза.

Во време на ловот тој падна, по што посериозно се повреди. Хуан Карлос беше 39 години на шпанскиот престол, на кој стапи по смртта на диктаторот Франциско Франко во 1975 година.

Претходно тој беше именуван да биде на челото на Шпанија, како првиот крунисан монарх по 44 години.Приврзениците на Франко веруваа дека тој ќе ја продолжи автократската држава што ја создаде генарлот-дикатор, уште од времето на шпанската граѓанска војна, но Карлос веднаш се определи за нов систем, на парламентарна монархија, кој беше прифатн од сите Шпанци.

Оние кои го почитуваат, како и оние кои му забележуаат, особено последниве години, се согласуваат дека кралот Карлос имаше голем удел во зацврснувањето и развивањето на шпанската демократија.

Тој во 1981 година спречи воен удар во земјата, а беше стабилизирачки фактор во одбраната на земјата од сецесионистичките движења во Баскија и во Каталонија.

Тој е во брак со некогашната грчка принцеза Софија, сестра на послеедниот грчки крак Константин кој живее во бегалство во Лондон, со која Карлос се запозна откако тој и Константин учествуваа на Олимпијадата во Рим, во 1960 година и од тогаш станаа блиски пријатели.

Синот- престолонаследник, Фелипе (45) е оженет со принцеза Летиција, која како и зетот Урдангарин нема кралско потекло. Идната шпанска кралица, пред да се омажи за принцот Фелипе, беше позната теливизиска водителка.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата