Австрискиот главен град минатата година го зголеми своjoт долг со земање на нови кредити во вредност од 285 милиони евра, со што вкупната задолженост на Виена се зголеми на рекордни 4,63 милијарди евра.
Австриската министерка за финансии Ренате Браунер изјави дека натамошни задолжувања од 2016 година нема да бидат можни, укажувајќи на „сопирачката на задолжување“, која е воведена на европско ниво.
– Реформата на администрацијата, која е во тек, треба да помогне оваа цел да се достигне, истакна Браунер.
Според финансискиот извештај за 2013 година, трошоците минатата година изнесувале 12,47 милијарди евра, а Браунер нагласи дека инвестициите во градот се зголемени за само четири отсто на 1,79 милијарди евра.