Босна и Херцеговина зазема едно од водечките места во светот по бројот на терористички организации поврзани со Ал Каеда, кои во оваа земја ги има пет, колку и во Авганистан.
Според листата на ОН, како што јави Танјуг, БиХ се наоѓа веднаш зад Пакистан, а е во ранг со Авганистан, по бројот на вакви организации, што значи дека е една од најопасните земји во светот кога станува збор за тероризам.
На официјалната карта на ОН, на која се прикажани земјите за кои е познато дека се поврзани со Ал Каеда, БиХ е означена со истата боја како и Авганистан.
Во текстот објавен заедно со картата се наведува дека најмногу ограноци на Ал Каеда има во Пакистан – 12, а потоа следуваат Авганистан и БиХ со по пет такви организации.
Советот за безбедност на ОН на листата на терористички организации стави вкупно седум групи регистрирани во БиХ и неколку поединци кои се сметаат како закана за глобалната безбедност.