Во Индија е формирана нова сојузна држава – Телангана, со што формално е поделeна јужната сојузна индиска држава Андра Прадеш.
Регионалниот политички лидер Чандрасекар Рао денеска положи заклетва како премиер на новоформираната држава, а по церемонијата се оддржа и парада на која прославуваа илјадници луѓе.
Рао во изминатите 14 години ги предводеше напорите за формирање на посебна држава со Хидерабад како главен град, кој е центар на информатичката технологија и индустрија во Индија.
Хидерабад во следните 10 години ќе остане престолнина на двете држави, Андра Прадеш и Телангана, по што Андра Прадеш ќе избере нов главен град.
Телангана се наоѓа на сиромашно подрачје и следбениците на Рао сметаат дека тие со години биле дискриминирани кога е во прашање поделбата на фондовите, бизнисот и водата.