Истражување: Голем број Срби веруваат дека ХААРП е виновен за поплавите

Од:

Според резултатите од истражувањето на агенција „Фактор плус“, поголем дел Срби мислат дека во катастрофалните поплави најмногу им помогнале Руси, додека дури четири проценти од испитаниците веруваат дека поплавите се предизвикани со контроверзниот американски систем ХААРП.

Според директорот на агенцијата, Владимир Пејиќ највпечатлив е податокот кој вели дека граѓаните на Србија имаат реален поглед на трагедијата која што ги зафати.

-Паѓа во очи податокот дека граѓаните сметаат дека реакцијата на државните органи беше на ниво. Тие оценуваат дека владата на Србија се однесувала одговорно и дека била ефикасна. Субјективна перцепција на Србите е дека од голема помош се Русите и државите од регионот, иако помош добивме и од голем број други држави-наведе Пејиќ за весникот „Информер“.

Тој како врв на истражувањето ја наведува солидарноста која граѓаните ја покажаа кон загрозените.

– Дури 84 проценти од граѓаните покажаа емпатија кон евакуираните. Некои учествуваа во изградба на насипи, други собираа облека, обувки и храна. Тоа е она што е најубаво -истакан Пејиќ.

Коментирајќи го тоа што еден дел од граѓаните за поплавите го обвинува ХААРП системот, метеорологот Недељко Тодоровиќ вели дека му е мило што за тој одговор не се определиле повеќе испитаници.

-Мило ми е што сепак мнозинството знае дека „мајката природа“ е виновна за катастрофата која не зафати. А што се однесува до ХААРП, многумина и не знаат дека тоа е експеримент кој САД го спроведуваат на Алјаска. Тој произведува електромагнетно поле, кое на ниту еден начин не може да влијае на тоа во Србија да има или не дожд-објаснува Тодоровиќ.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ