Турција: Приведни 154 демонстранти

Од:

Турската полиција соопшти дека 23 лица се повредени, а 154 приведени во тек на протестите во Истанбул, кои се одржаа по повод годишнината од масовните антивладини протести.

Како што стои во соопштението во синоќешните судири се повредени 11 полицајци и 12 цивилни, на кои им е укажана медицинска помош во болниците, откако полицијата со солзавец и водени топови успеала да ги отстрани демонстрантите.

Од 154 приведени лица, дури 62 се задржани во притвор, пренесе „Асошиејтед прес“. Инаку како што пренесуваат агенциите полицијата и во Анкара употребила солзавец и водени топови против околу 500 демонстранти, кои сакале да се соберат на местото каде точно пред една година полицијата го уби 26-годишниот демонстрант Етем Сарисулук.

Полицијата во сабота во Истанбул и Анкара ги протера демонстрантите кои излегоа на улиците да ја одбележат првата годишнина од протестите кои прераснаа во бунт против владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган, во кој загинаа осум лица, а неколку илјади беа повредени.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ