Турската полиција повторно употреби солзавец против демонстранти во Анкара

Од:

Турската полиција денеска повторно употреби солзавец и водени топови против стотици демонстранти во Анкара, еден ден по одбележувањето на првата годишнина од антивладините протести во земјата во јуни 2013 година.

Полицијата интервенираше за да разбие околу 500 луѓе, кои се собраа на плоштадот во центарот на Анкара, каде минатата година 26-годишен демонстрант беше застрелан од полициските сили.

Жестоката пресметка на полицијата со демонстрантите на вчерашните протести во Истанбул и Анкара предизвика остра осуда во Советот на Европа.

– Ја осудувам прекумерната употреба на сила од страна на турската полиција против демонстрантите и новинарите. Саботните случувања се надоврзуваат на повеќето настани во кои третирањето на протестите во Турција предизвикува сериозна загриженост во однос на човековите права, изјави денеска Нилс Муижниекс, комесар за човекови права во Советот на Европа.

Протсетите се одржаа по повод одбележувањето на годишнината од големите минатогодишни антивладини протести во Турција, во кои загинаа осум луѓе, додека неколку илјади беа повредени.

Униформирани и цивилни полицајци, кои само во Истанбул биле околу 25.000, вчера во овој град и во Анкара употребиле солзавец, водени топови и палки против демонстрантите. Ангажирани биле и десетици оклопни возила, а местото на судирите биле надгледувано од хеликоптери.

На снимките можело да се забележи како демонстранти лежат на земја, гушејќи се од солзавец или облеани во крв.

Повеќе учесници на вчерашните протести, според соопштенијата на организациите за заштита на човекови права, биле приведени, но за тоа нема официјални информации.

На удар се нашле и претставници на медиумите. Меѓу другото, екипа на Си Ен Ен, која информирала од местото на настанот, подолго време била приведена.

– Несоодветното однесување на безбедносните сили претставува директна закана за владеењето на законот и не може да се толерира, нагласи Муижниекс.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ