По вторпат се одржа манифестацијата „Прв до врв“

Од:

Со повеќе трки и настани денеска се одбележа третиот роденден на жичарницата на Водно со одржување на манифестацијата “Прв до врв”.

Во рамки на оваа манифестација се одржаа две трки, каде стартот беше кај основното училиште “Кочо Рацин”, а целта на врвот на планината Водно, кај Милениумскиот крст. Трките беа во дисциплините планински велосипедизам и во планинско трчање – одење, каде покрај професионалните(лиценцирани) атлетичари и велосипедисти, се натпреваруваа и рекреативци.

На целта кај Милениумскиот крст се обрати и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– Денес врвот на Водно е целта кон која масовно се упатуваа илјадници планинари и велосипедисти земајќи учество во спортско-рекреативниот настан “Прв до Врв”. Трета година по ред, првиот викенд од јуни граѓаните на Градот Скопје го одбележуваат денот на Водно и роденденот на жичарницата “Милениумски Крст”.

Жичарницата со која пред три години и Градот Скопје се приклучи на голем број на европски градови кои имаат вакви слични жичарници, како Загреб, Салзбург и Барселона. Жичарницата која само изминатата година има превезено околу 300.000 патници, рече градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Трајановски додели и дел од медалите за најдобрите во повеќе дисциплини.
На второто издание на трката “Прв до врв” беа постигнати следните резултати:

ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ – ОДЕЊЕ

Активни атлетичари, сениори мажи:
1 место Марјан Бонев
2 место Атанас Анчевски
3 место Кокан Ајановски

Активни атлетичари, сениори жени:
1 место Росица Костова
2 место Андријана ПопАрсова
3 место Марија Стојановска

Атлетичари рекреативци, мажи:
1 место Нури Адил
2 место Мартин Димитриевски
3 место Кирил Петров

Атлетичари рекреативци, жени:
1 место Анета Влахова
2 место Благица Димитриева
3 место Росана Николовска,

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ РЕКРЕАТИВЦИ

Мажи рекреативци
1 место Душко Исајловски
2 место Круме Јанковски
3 место Александар Гацевски

Жени рекреативци
1 место Карин Пидел
2 место Сања Милорадовиќ
3 место Јована Тозија

ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

1 место Горан Кузмановски
2 место Александар Ѓуровиќ
3 место Влатко Рабаџиски

ДРУМСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Сениори
1 место Стефан Петровски
2 место Никола Ѓукиќ
3 место Драган Николчевиќ

Јуниори

1 место Денис Колевски
2 место Драган Цветков
3 место Кристијан Николов

Покрај трките, како дел од оваа манифестација ќе биде настапот на музичкиот состав South park.

Организатор на манифестацијата “Прв до врв” е ЈСП – Скопје во соработка со жичарницата “Милениумски Крст”, преку реализација на здружението за забава, спорт и рекреација „Виктори Интернационал“ и коорганизаторот „О 2“ од Скопје, заедно со Атлетската и Велосипедската Федерација на Македонија.

Овој настан е финансиски поддржан од страна на Градот Скопје.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски