Скопјанец во притвор поради кражба

Од:

Дваесет и шестгодишниот скопјанец Ш.У. доби кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е изречена мерка осум дена притвор поради соменавање дека извршил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, соопшти МВР

Единицата за општ криминал до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава го предаде Ш.У., кој кражбата ја извршил на 29-ти минатиот месец околу 01:00 часот, на улица “Кеј 13-ти Ноември“ на подрачје на ПС ОН Центар.

Имено, откако од зад грб му се доближил на оштетениот, го фатил за левата рака и почнал да го влече велејќи му да појде со него за да му изврши некаква проверка, на што оштетениот се обидел да се отргне. Меѓутоа, пријавениот во еден момент со употреба на физичка сила му го отргнал паричникот, кој оштетениот го држел во десната рака и се дал во бекство. Но, при тоа од страна на случаен минувач бил сопрен и задржан се до доаѓањето на полициските службеници.

Инаку, Ш.У. е регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против половата слобода и половиот морал, како и кривични дела против јавниот ред, за што му се поднесени 16 кривични пријави, а од надлежен суд му биле изречени седум мерки “засилен надзор од социјален орган“ и три затворски казни.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ