(ФОТО) Од ова место е поплавен цел Обреновац

Од:

Српскиот весник „Блиц“ дојде до фотографија која покажува дека АД „Србијаводи“ го уништиле регионалниот пат кај Коцељева и така ја пренасочиле Тамнава која потоа го потопи Обреновац.

Сепак директорот на „Србијаводи“ Горан Пузовиќ вели не е точно дека патот бил миниран, туку на местото каде што продирала водата со багери е направен отвор за истекување на водата во нивните низводно.

-Со ова се спасени неколку илјади куќи и граѓани во Коциљева, зошто во спортивно водата би била до покривите и ситуациајта би била уште полоша и поопасна – изјави Пизовиќ.

Тој порача дека таа вода не го поплавила Обреновац зошто со пуштањето на водата во нивите, како што објасни тој, бранот поплави е смален и успорен, па така водата поспоро се движела до сливот во Колубара, што е на некои 15 килоемтри низводно.

Сепак, за „Блиц“ голем број Обреновчани потврдиле дека на 15 мај околу 23 часот се слушнала силна експлозија по што градот го погодил голем бран.

Обреновчани се жалат дека никон не им јавил дека наидува воден бран кој наеднаш ги потопи, па така не биле подготвени за катастрофата која следеше.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ