А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Струмичани изработувале лажни кредитни картички

by А1он01/06/2014 - 12:48116
Share0

Секторот за Компјутерски криминал и дигитална форензика до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против лицата Р.М. (30) и А.Д. (33) и двајцата од Струмица, поради сторени кривични дела „изработка и употреба на лажна платежна картичка”, и помагање при „изработка и употреба на лажна платежна картичка”.

Следете a1on на Instagram Instagram

Имено, првопријавениот Р.М. со намера да се стекне со противправна имотна корист во периодот од 2008 до 2012 година прибавил на интернет банкарски податоци од вистински платежни картички, односно од носителите на странски платежни картички, вкупно 14.825 броеви од платежни картички со намера да ги употреби како вистински при што изработил една лажна платежна картичка на начин што на задната магнетна лента од оригинална платежна картичка издадена од банка од Република Македонија вметнал банкарски податоци од вистинска платежна картичка.

Исто така, првопријавениот прибавените податоци од носители на вистински платежни картички ги препродавал преку интернет за што добивал одредена парична надомест. Второпријавениот, пак, А.Д. му помагал на Р.М. така што со негова дозвола примал парични сртедства кои потекнувале од продадените платежни картички, кои потоа ги подигал и му ги предавал на првопријавениот за што добивал одредена парична надомест.

По претходно издадена Наредба од ОС Струмица извршен е претрес во домот на првопријавениот каде што пронајдени и одзмени се предмети – компјутерска опрема (еден лап топ, едно куќиште од персонален компјутер, еден внатрешен хард диск, едно USB, платежни картички и сл.)

Следете a1on на Youtube YouTube

По добиеното вештачење на компјутерската опрема и извршената анализа, утврдено е дека Р.М. на магнетната лента на оригинална платежна картичка од банка во Република Македонија на име неговиот татко, ги променувал податоците и нанесувал податоци од лица странски дрежавјани и нивните вистински банкарски податоци.

Исто така во лап топот, куќиштето од персоналниот компјутер, внатрешниот хард диск и USB-то, пронајдени се 14825 броеви од платежни картички, податоци за сопстсвеници на е-мајлови, податоци за сопственици на електронски сметки, називи на банки, целосни податоци од магнетната лента на платежната картичка (име и презиме, датум на важење и други податоци поврзани со банкарските сметки).

Утврдено е дека од Сервисите за брз трансфер на пари „Western Union”, „DMTH- MoneyGram” и „Унија Финансиска”, Р.М. и А.Д. во периодот од 2008 до 2012 година ја користеле оваа услуга за да ги добијат паричните средства за продадените податоци од платежни картички на лицата на кои им ги продавале од различни земји (Бугарија, Русија, Украина, САД, Грција, Словенија, Романија), и испраќале парични средства на оние лица од кои Р.М. купувал податоци од платежни картички, при што првопријавениот примил 2.679 евра, 1.150 американски долари, а извршил испорака на 1.566 американски долари, додека второпријавениот А.Д. примил 1.905 евра.

mvr

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он13/05/2026 - 17:1613/05/2026 - 17:16

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 10:5312/05/2026 - 12:44

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 13:2805/05/2026 - 14:18

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 12:55

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 14:05

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

Горан Наумовски29/04/2026 - 14:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто