Уапсени пет лица за групното силување и убиство на двете тинејџерки во Индија

Од:

Пет лица се уапсени за групното силување и убиството на двете тинејџерки во северна Индија, соопштија локални полициски извори, цитирани од ДПА.

Последното шокантно сексуално злосторство предизвика бран од незадоволство и протести во цела Индија.

Девојчињата, на возраст од 14 и 16 години, во вторникот биле грабнати во областа Бадаун, во државата Утар Прадеш, а нивните тела беа пронајдени следниот ден обесени на едно дрво.

Меѓу уапсените има и двајца полицајци.

-Во обвинението фигурираат уште двајца неидентификувани мажи и нив ќе ги уапсиме откако во истрагата ќе прецизираме некои детали и откако ќе ги распитаме, изјави полициски офицер.

Таткото на една од жртвите на една локална телевизија се пожали дека полицијата одбила да издаде наредба за тревога, кога девојчињата исчезнале.

-Еден полицаец ни кажа дека девојчињата ќе бидат најдени обесени некаде. При пребарувањто потоа навистина ги најдовме обесени на дрвото, рече тој.

Семејствата на обесените и силувани девојчиња се од пониската каста далит, чии членови во Инсија често пати се дискриминирани, додаде ДПА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати