Енди Мареј во финалето на US Open

Од:

Со победата над чешкиот тенисер Томаш Бердих, Британецот Енди Мареј ја продолжува својата борба за прв Грен Слем трофеј во кариерата.

По три часа и 58 минути игра, Мареј победи со 3:1 во сетови (5:7, 6:2, 6:1 7:6 (9:7)).

Ова ќе биде петто Грен слем финале за Британецот, второ во Њујорк.

Во финалето Мареј ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Давид Ферер, кој беше прекинат поради временските неприлики на резултат од 5:2 за Шпанецот.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех