Македонија ги доби своите нови ѕвезди, учесници во „Кока-кола“ фудбалскиот куп

Од:

Денес на стадионот на ФК Работнички во Градскиот парк во Скопје се одржаа финалните натпревари од годинешниот „Кока кола“ фудбалски Куп на Македонија, кој е дел од глобалниот настан под покровителство на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Во заедничка организиација на Пивара Скопје АД, „Кока кола“ и Отворените забавни фудбалски школи, на терените на ФК Работнички продефилираа над 1.500 момчиња и девојчиња од 100 основни и средни училишта од 12 општини во Македонија.

На учесниците во финалните натпревари им беа доделени златни медали, но единственоста на Кока кола купот е тоа што сите учесници се победници.

Основната цел на проектот е активно вклучување и практикување физички активности кај децата преку забава и дружење, како и создавање навики за здрав животен стил и спортски дух уште од школски денови.

Значењето на проектот го истакна и Ѓорѓи Христов, регионален претставник на Компанијата Кока кола.

– Во системот на „Кока-кола“ веруваме дека нашиот бизнис може да биде одржлив и здрав исто колку што е општеството на кое што му служиме. Затоа, даваме особено значење во создавањето млади генерации свесни за улогата на здравите животни навики. Проектот покрај промоцијата на спортот и физичката активност, нуди одлична можност за стекнување нови пријателства и негувањето семејни вредности, изјави Христов.

Покрај натпреварите во фудбал, беа организирани и разновидни спортски и забавни игри во кои беа вклучени членовите на семејства на учесниците на купот и нивните другарчиња, со што настанот прерасна во единствено доживување за сите вклучени страни.

„Кока-кола“ купот во Македонија се одржува веќе трета година по ред.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ