Возачот на Репсол Хонда и актуелен Мото ГП шампион Марк Маркез повторно покажа дека моментално се наоѓа во извонредна форма и доминантно ги заврши денешните квалификации.
На патеката Муџело, Маркез успеа да постави најбрзо време 1:47.270 кое никој од останатите не успеа да го престигне.
На шестата трка сезонава во Италија како втор ќе стартува изненадувањето на денот Андреа Јаноне кој успеа да постави солидно време. Екипата на Прамак Рејсинг после подолго време се најде во првите 10 во овогодинешните квалификации за трките во Мото ГП.
ГН на Италија, пласман:
Марк Маркез (Репсол Хонда)
Андреа Јаноне (Прамак Рејсинг)
Хорхе Лоренцо (Мовистар Јамаха)
Дани Педроса (Репсол Хонда)
Пол Еспаргаро (Монстер Јамаха Тек 3)
Кал Крачлоу (Дукати)
Бредли Смит (Монстер Јамаха Тек 3)
Андреа Довициозо (Дукати)
Штефан Брадл (ЛЦР Хонда)
Валентино Роси (Мовистар Јамаха)