До 5 јуни забрането спортско качување на Демиркаписката клисура

Од:

Нема можност за спортското качување на Демиркаписката клисура бидејќи до 5 јуни ќе има интензивни експлозии за време на изградбата на новиот тунел во Вардарската клисура кај Демир Капија, во рамки на работите на автопатот Демир Капија-Смоквица.

Александар Кленов, претседател на спортскиот клуб „Клисура“ од Демир Капија денеска информира дека тоа треба да го знаат сите домашни и странски спортски качувачи кои редовно доаѓаат тука и додаде оти од 6 до 9 јуни пак ќе има можност за качување.

Нагласи дека во јуни и јули ќе има доста денови со забрана за влегување во кањонот.

– Ние сме во постојан контакт со изведувачот на градежните работи на новата делница од автопатот и секогаш имаме точни информации за текот на работата во тунелите. Спортските качувачи најдобро е првин да се информираат кај нас околу тоа дали во одреден ден можат да качуваат или не, за да не доаѓаат попусто во Демир Капија, соопшти Кленов.

За време на минирањето се запира сообраќајот низ постојниот тунел на Демиркаписката клисура.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван вчеравечер во Демир Капија

Починат српски државјанин пронајден во Демиркаписко, телото на обдукција

Притворен маж од Демир Капија, сопругата го пријавила за физички напад

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Маж загина на кров од вагон кај Демир Капија

Од утре изменет сообраќаен режим на делницата Демир Капија – Неготино поради градежни активности