Силувано 14-годишно девојче во тоалет во Клинички Центар

Од:

Вчера околу 20:40 часот во ПС-Аеродром Т.Ѓ. (1982) од Скопје, пријавила дека на 26/27.05.2014 година во времето од 13,30 до 02,00 часот од страна на две лица извршен е полов напад врз нејзината 14 годишна ќерка.

Имено, според пријавата, на 27.05.2014 година во 13,30 часот, лице (кое оштетената го запознала на „Фејсбук“) дошол во Основното училиште (каде што таа учела), ја повикал и ја внел во патничко моторно возило црвена боја и ја однел во паркот на Клиничкиот Центар, Скопје каде што ги чекало второто лице кое нејзиниот познаник од „Фејсбук“ го представил дека му е брат.

Непознатите седнале на клупа по што двајцата ја допирале по градите и гениталиите, и ја соблекле блузата, а кога сакале да и ги соблечат хеланките, таа со нога удрила еден од нив.

Двајцата потоа ја викнале да дојде и влегле во тоалет на една од клиниките, каде што таа под закана била полово нападната.

Полиција од Аеродром превзема мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски