Ослободено киднапираното момче во Чаир – татко му бил познат скопски бизнисмен

Од:

Kиднапираното момче вечерва беше ослободено. Според информациите, момчето било оставено кај новата џамија во Чаир, по што побарало мобилен телефон за да се јави кај семејството.

Претходно, полицијата ја блокираше улицата „Цветан Димов“ во близина на трговскиот центар Чаирчанка кај Јаја Паша џамијата по информацијата дека било киднапирано 12 – годишно момче.

Според првичните информации, напаѓачите влегле во станот на скопски бизнисмен од каде што украле вредни предмети и го грабнале неговиот син.

Во станот во времето на киднапирањето бил и помалиот син. Скопската полиција потврдува дека интензивно работи на фаќање на киднаперите, но се уште нема потврда за мотивот за нападот.

Според непотврдени информации, полицијата работи на анализа на неколку камери поставени во комерцијални објекти во близина на инцидентот коишто можат да помогнат во откривање на киднаперите.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина