Во тешка сообраќајка која се случила денеска во 16 часот и 55 минути на патот Подгорица Колашин загинаа три девојки, а една е тешко повредена.
До несреќата дошло кога со возилото Форд Фиеста, во кое се наоѓале четири женски лица, излетало од патот во кањонот Морача.
Според неофицијални информации, лицето М.Т. за сега од неутврдени причини изгубилa контрола над возилото, кое преминало во спротивната лента и излетало во кањонот длабок повеќе од 150 метри.
М.Т. пред автомобилот да падне во кањонот, испаднала од возилото и е пренесена во Клиничкиот центар во Црна Гора.