(ВИДЕО) Вуиќ: Сите докази против Груевски ќе ги покажеме на рочиштето

Од:

Мирослав Вуиќ, адвокатот на Зоран Заев вели дека не е изненаден од сумата од 500.000 евра, која премиерот Груевски ги бара од лидерот на опозицијата за наводите изнесени во врска со случајот „Македонска банка“.

Вуиќ најави дека сите докази кои ги поседува одбраната ќе бидат откриени на рочиштето закажано за 19 јуни, а според него главен доказ е снимката, која ја слушнала целата македонска јавност.

Тој појаснува дека тужбата, се однесува за изнесување невистинити податоци кои се однесуваат на наводот за продажба на Македонска банка од еден милион и петстотини илјади евра.

– Премерот смета дека половина милион евра се доволни за да му ги стиши душевните болки кои ги имал, ги има или ќе ги има од објавениот текст. За Груевски, тоа е доволен износ, а ние можеме само да го спориме и да побараме да се утврди дали тоа е правичен надомест. Исто така, судот ќе треба да каже какви се тие душевни болки на премиерот и какви послидици ќе остават, зошто сепак се работи за премиер на држава. Јас мислам дека Груевски е сосема добар здравствено и психички – изјави Вуиќ.

Тој очекува успех во овој спор, велејќи дека доказите се непобитни и дека не се работи за никаква клевета, туку за изнесување во јавноста на вистинити податоци. Адвокатот вели дека одбраната е должна да ги докажува оние околности кои како аргумент пред јавноста го презентираше лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра