Радикални исламисти им помогнаа на пет поплавени српски семејства кај Добој

Од:

Босански Срби од село во близина на Добој, во Република Српска, добиле помош од радикални исламисти од Зеничко-Добојскиот кантон и тоа е регистрирано на снимка што деновиве се лиферува на ЈуТјуб, соопшти српскиот сајт Вести онлајн.

Со овој гест членовите на вахабиската заедница, кои најчесто се спомернуваат по лошо, ги изненадаја и трогнаа Србите од селото, чиј имот беше речиси целосно уништен од поплавите, пренесува бугарската агенција БТА.

– Имам две болни деца, а останав без ништо. Досега никој не не посети, Вие сте првите кои дојдоа и ни донесоа помош. Многу Ви благодарам. Бог да Ве поживее, изјави локалната жителка Милена Милошиќ.

„Откако се случи потопот постојано се молам Алах да Ви ги олесни маките, а сега дојдовме да Ви помогне колку што можеме“, одговарија исламистите.

Десет вахабисти со минибус донесоа пакети со храна, вода и лекарства за петте српски семејства од селото.

Би можело да ве интересира

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ

Србија: Курти шири дезинформации