НСДП: Допрва ќе скока Груевски!

Од:

„Доколку Груевски е убеден дека работи на Европската агенда, воопшто не треба да гледа што прави опозицијата. Но, тој добро знае дека неговата и политиката на неговата Влада немаат ништо заедничко со европските вредности. Токму поради тоа причините за сопствениот и неуспехот на Македонија сака по секоја цена да ги пронајде кај некој друг.

И Груевски и македонската јавност добро знаат дека првото предупредување од Брисел за можноста за одземање на кандидатскиот статус на Македонија пристигна веднаш по исфрлањето на пратениците и новинарите од македонското собрание оној црн понеделник на 24.12.2012 година. После тоа се случија уште многу настани кои го доведуваат во прашаее кандидатскиот статус на Македонија“, пишува во соопштението на НСДП.

„Груевски знае дека селективно судење, оцрнувањето на се што не мисли како него, националистичката и шовинистичката реторика, омразата, целосната контрола на медиумите и драконското казнување на новинарите, блокада на демократските процеси, не се европски вредности, а тој масовно ги применува за да остане на власт.

По враќањето на пратеничките мандати на опозиционерите, лагите, триковите и блеферските потези на Груевски, се повеќе ќе доаѓаат до израз. Груевски допрва ќе скока, ќе се заканува и ќе ја замајува македонската јавност, злоупотребувајќи ги медиумите под негова контрола, но набргу и самиот ќе се увери дека на лагата и се кратки нозете.

Нема да помине долго време кога македонската јавност самата ќе се увери дека “царот е гол“, се вели во соопштението на НСДП.

 

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ