Опасност од маларија и хеморагична треска во поплавените региони во Србија

Од:

Во поплавените региони низ Србија веќе почнуваат да се регистрираат први случаи на дијареја и висока температура, причинети од лоша хигиена поради недостигот на чиста вода, пишува весникот „Блиц“.

Во одделни времени центри за сместување има вошки и краста. Епидемиолозите предупредуваат дека постои можност за појава на многу болести по поплавите.

Најголема закана се болести, што се пренесуваат од комарци, кои според ситуацијата на теренот, годинава ќе бидат во голем број, наведува весникот.

Нема да биде необично ако во Србија се појават случаи на маларија, денга и западнонилска треска. Стаорците, кои сега се спуштаат во населените места во потрага по храна, носат закана од лептоспироза и хеморагична треска, предупредуваат епидемиолозите.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ