Американската компанија „Гугл“ овозможува Европејците доколку сакаат да бидат „заборавени“ од нејзиното пребарување на Интернет, почитувајќи ја на тој начин одлуката на Судот на Европската унија.
Судот на ЕУ на 13 мај одлучи, дека корисниците имаат право да ги избришат резултатите од пребарувањето, што водат кон страници со лични информации, особено ако тие се неточни или застраени.
Со цел да ја исполни оваа одлука водечката компанија за пребарување на Интернет создаде онлајн формулар, достапен за Европејците, кои им овозможува да бараат отстранување на линкови од резултатите од пребарувањето.
Гугл треба да го гарантира тешкиот баланс меѓу правото на јавноста да има пристап до дадени информации и правото да се побараа дадена информација да биде „заборавена“, посочува портпаролот на компанијата. Гугл за таа цел ќе создаде консултативен комитет, што ќе овозможи да се постигне рамноправност меѓу овие две цели.