Опаѓа бројот на првоодделнците во Струга

Од:

Во единаесетте централни основни училишта во Општина Струга и во нивните подрачни објекти во струшките населени места досега се запишани вкупно 572 ученици кои ќе го започнат основното образование во учебната 2014/2015 година. Според Албрим Хоџа од одделението за односи со јавност во Општина Струга, бројот на првоодделенци, опаѓа од година во година.

– За разлика од минатата година, досегашниот број на запишани ученици во прво одделение е помал, но очекуваме тој да го достигне барем минатогодишното ниво од околу 605 првоооделенци. Инаку, според нашите информации и статистики, вкупниот број ученици во учебната година 2014/15 година, требаше да биде 1247, што значи дека досега не се запишани ниту половина од нив, вели Хоџа. Како основни причини за се помалиот број ученици во општината, тој ги наведува опаѓањето на наталитетот, како и миграцијата на стружани во странските држави. Иако уписите на првоодделенците се спроведуваат до крајот на овој месец, првачињата ќе можат да се запишуваат и до почетокото на новата учебна година.

– Ќе има простор за запишување и поднесување на потребната документација до септември, заради тоа што дел од граѓаните во моментот не се во Македонија, туку работат некаде во странските држави, појаснува Хоџа од одделнието за односи со јавност во Општина Струга.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование