Полицијата во шпанскиот град Барселона влезе во судири со банди, трета ноќ по ред, при што беа уапсени 25 лица.
Силите на редот соопштија дека нередите избувнале по мирен протест во центарот на Барселона, кога полицијата попречила на некои од демонстрантите да се приближaт до административна зграда.
Разбеснетите млади фрлале камења и палеле контејнери за отпад.
Демонстрациите биле организирани поради затворање во понеделникот на социјален центар каде што се наоѓале млади од 17 години.