Борбата со наркотиците – тема на средбата на обвинители од Западен Балкан во Тирана

Од:

Борбата со наркотиците беше тема на средбата оваа недела во Тирана со учество на обвинители од Западен Балкан, организирана од Главното обвинителство на Албанија.

На средбата учествува и заменик-главниот обвинител за борба со мафијата во Италија Франческо Мантои, кој рече дека наркотиците кои пристигнуваат во неговата земја, не доаѓаат само од Албанија, туку и од Турција или Грција.

Била дадена оценка дека количеството наркотици, кои се пренесуваат од Албанија до Италија, драстично се зголемило.

Италијанскиот претставник посочил дека економската криза довела до активирање на наркоканалите во регионот.

На средбата биле изнесе податоци за се позачестени случаи на шверц на наркотици со мали авиони од воени бази.

Аналитичарите сметаат дека средбата на обвинители во Тирана се одржа по започнувањето на операцијата со италијанска соработка, за откривање плантажи со канабис во Албанија.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски