Српската полиција уапси 17 лица за перење пари и криење даноци

Од:

Полицијата во српскиот град Нови Сад денеска уапси 17 лица под сомнеж за сторен стопански криминал, со што ја оштетиле државата за повеќе милиони евра, јави Танјуг.

Уапсените се осомничени дека во периодот од 2009 до 2012 година како учесници во две организирани криминални групи изработувале фалсификувани документи за купување на секундарни суровини и други производи, со кои вршеле фиктивен обрт на средства во износ од околу 1,3 милијарда динари (11 милиони евра).

На тој начин тие им дале можност на фирми, што активно се занимавале со купување секундарни суровини, да го избегнат плаќањето данок на додадена вредност во износ од 324 милиони динари (три милиони евра).

За оваа услуга осомничените земале провизија од 10 до 12 проценти, со што се стекнале со незаконска заработка од околу 1,7 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ