Вучиќ: Во поплавите во Србија загинаа 33, а како исчезнати се водат 38 лица

Од:

Триесет и осум лица се уште се водат како исчезнати во поплавите во Србија, соопшти денеска српскиот премиер Александар Вучиќ, повикувајќи се на податоци на Министерството за внатрешни работи.

Тој додаде дека бројот на загинати за време на стихијата, како што веќе беше соопштено, изнесува 33 лица.

Вучиќ подвлече дека „не знае од каде доаѓаат информациите за над 500 загинати или исчезнати“. Според него, мноштвото неточни сведоштва се шират, пред се, преку социјалните мрежи.

Вучиќ, како што јави ИТАР-ТАСС, вети дека ќе достави детален список со загинатите и најави дека членовите на Владата „ќе одговараат на сите прашања, поврзани со поплавите“.

Според информација на српското МВР, за време на поплавите во Србија биле евакуирани 31.879 лица, оштетени се или се наоѓаат под опасност од уривање 1.763 објекти, додека поплавени се 2.260 згради. Во целина, од поплавите настрадале 39 општини и над 1,6 милион жители, а огромни штети претрпеа земјоделскиот, енергетскиот и транспортниот сектор во земјата.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ