Кери: САД ќе основаат фонд од пет милијарди долари за борба против тероризмот

Од:

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска изјави дека САД ќе основаат фонд од пет милијарди долари за помош на останатите земји во нивната борба против радикалните екстремисти.

Кери најави дека американскиот претседател, Барак Обама истото ќе го соопшти денеска во својот говор на Воената академија „Вест Поинт“.

Обама вчера најави големо намалување на бројот на американски војници во Авганистан до крајот на оваа година и завршување на воениот ангажман во оваа земја до крајот на 2016 година.

Тој истакна дека по завршувањето на американската воена мисија во Авганистан ќе останат околу десет илјади војници кои ќе ги обучуваат авганистанските безбедносни сили и ќе помагаат во борбата против тероризмот.

Кери објасни дека овој план ќе им овозможи на САД да ги пренасочат средствата во борбата против тероризмот во другите делови од светот.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас