Еден тон амонијак денеска истекол од фабриката за азот во Панчево крај Белград.
Ситуацијата била аларментна, поради што реагирале и пожарникарите, но последици од истекувањето нема, објави електронското издание на весникот „Блиц“.
До хаваријата дошло откако во текот на ноќта имало прекин во напојувањето со електрична енергија и при повторното стартување на производството од еден од оштетените цевководи истекол амонијак.
Во фабриката е спроведена вонредна инспекција за заштита на животната средина, која утврдила дека нема опасност ниту за работниците, ниту за фабриката, ниту за животната средина во Панчево.