Од Дунав кај Ѓердап извадени над 5.000 тони отпад донесен од поплавите

Од:

По катастрофалните поплави во Србија, реката Дунав однесе дрвја, пластични амбалажи, ладилници, столици, различни предмети и угинати животни се до хидроцентралата „Ѓердап 1“.

– Досега од реката се извадени над 5.000 тони отпад, изјави портпаролот на „Ѓердап 1“, Радисав Чучулановиќ.

За вадењето на отпадот, донесен од водената стихија, бил ангажиран целиот персонал и механизација на централата, брод и два крана.

Во меѓувреме, мерките за вонредна заштита на 120 километри по течението на реката Сава во Србија остануваат во сила, се додека не бидат поправени оштетените насипи на територијата на Хрватска.

Во последните денови Сава во Хрватска проби еден насип и го поплави пограничниот дел меѓу Хрватска и Србија.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ