Најмалку 20 лица загинаа, a oколу 35 се ранети денеска во самоубиствен напад пред шиитска џамија во центарот на Багдад.
Нападот во населбата Шорџа бил извршен во момент кога џамијата била полна со верници за пладневната молитва.
Според полицијата, бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот што го носел на себе, кога околку него се наоѓале неколку десетици верници.
Полицијата стравува дека конечниот биланс на загинати може да биде и поголем, бидејќи многу од ранетите се наоѓаат во критична состојба.