Реакција на МВР на денешното соопштение на СДСМ

Од:

Социјал-демократскиот сојуз преку денешната изјава на нивните советници, повторно се стави во одбрана на вандалското и насилничко однесување, неаргументирано напаѓајќи ги институциите и полициските службеници кои се обидуваа во Ѓорче Петров да го одржат јавниот ред и мир и безбедноста на сите граѓани.

Без разлика во која форма од партијата ќе се обидат да најдат оправдувања за дивеењето на поединци, каменувањето и палењето, видео-материјалите од испадите на поединци јасно укажуваат дека партијата вообичаено ја бира погрешната страна. Страната која промовира анархија, насилство и пресметки со полициските службеници на терен.

Дилемата на СДСМ дали полицијата ги пречекорила овластувањата е неточна и има цел да продолжи да ги подгрева страстите и да предизвика недоверба и нови инциденти.

Вистината е дека не само што немаше 50 повредени (како што известуваа некои портали блиски до партијата), филувајќи ја веста со неможност да им се понудела лекарска помош, туку немаше ниту 10 повредени жени и деца, како што подоцна се корегираа. Веќе следниот ден беше јасно дека нема ниту еден повреден и дека сите овие тврдења се фабрикувани во нечија канцеларија.

СДСМ ќе мора своите лаги и манипулации да ги соочи со вистината дека ниту еден граѓанин не се пожалил на повреди, ниту упатил претставка за пречекорување на овластувањата.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи