Турција се залага за позитивен развој на односите меѓу Русија и НАТО, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Москва, јави ИТАР-ТАСС.
– Ние детално ги разгледавме генералните шеми за взаемно дејствување, како и можната соработка во Авганистан, изјави Давутоглу. – Исто така, повикуваме на почитување на меѓународните договори, а во таа смисла и на конвенцијата од Монтре, додаде тој.
– Турција никогаш не сакала односите меѓу Руската Федерација и НАТО да се вратат во ерата на Студената војна. Ние се изјаснуваме за тоа овие односи да се развиваат позитивно, потенцира Давутоглу.