Одбележана 85-годишнината од раѓањето на Гане Тодоровски

Од:

Друштвото на писателите на Македонија денеска ја одбележа 85-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, книжевен научник, критичар, есеист, препејувач, полемичар и професор Гане Тодоровски.

На средбата насловена „Поезија и вино“, претседателот на ДПМ Веле Смилевски најави дека востановуваат „Ден на Гане Тодоровски“ кој ќе се одржува секоја година во мај.

– Месецот кога се роди, 11 мај и кога си замина од овој свет Гане Тодоровски, 22 мај. Манифестацијата ќе носи наслов „Поезија и вино“, ќе биде збогатена со беседи за Гане Тодоровски и со толку потребната „Ноќ без интерпункција“ во која поетите од различните генерации со своето творештво ќе ја призиваат поезијата на Гане Тодоровски, како составка на универзалните творечки визии и пораки, истакна Смилевски.

Според него, Гане Тодоровски претставувал  ретка творечка личност. Потсети дека Тодоровски  бил член на ДПМ од 1951 година.

За личноста и делото на Гане Тодоровски зборуваше професорката Кристина Николовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Таа посочи дека најомиленото место на светот на Гане му бил писателскиот дом, каде тој уживал во друштвото на  колегите.

– Преку себе Гане не учеше како да го играме зборот, како да не го запустиме поетскиот јазик, неосудувајќи го на просечност. Бараше да го преродиме оти за него беше срам да се биде неоригинален, потенцира Николовска.

На средбата „Поезија и вино“ во знак на сеќавање на големиот поет и боем, членовите на ДПМ читаа стихови за Гане Тодоровски, како и песни од неговиот богат опус.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска