Кока-Кола ќе го запре производството во Швајцарија доколку парламентот ги усвои измените на Закон за картели, со што ќе се затворат 900 работни места.
Доколку мора своите производи да ги продава според цени кои што важат во странство, американската компанија нема да може да ги покрие трошоците и ќе мора да ја намали платата или да го запре производството на швајцарскиот пазар.
Најавената измена на законот е насочена против швајцарскиот шопинг-турист, кој купува во соседни држави и предвидува странските произведувачи да ги продаваат своите производи под исти услови кои што важат и надвор од границите на Швајцарија.
Е. Г.