По острата осуда на САД и „загриженоста на Индонезија во име на сите членки на АСЕАН“, состојбата во Тајланд, по прогласувањето на воена управа официјално ја коментираше и Кина.
Според кинеското Министерство за надворешни работи, чие соопштение го пренесува агенцијата Хсинхуа, Кина се надева дека комуникациите и соработка со Тајланд нема да бидат попречени поради најновиот развој на политичката ситуација во Тајланд.
Портпаролот на кинеското Министерство вчера соопшти дека амбасадата на Кина во Тајланд работи нормално и дека официјален Пекинг внимателно ги следи најновите настани кај јужниот сосед, но одби да даде какви и да е поединости за контактите меѓу властите на двете држави.