Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ја одбележи 85-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, книжевен научник, критичар, есеист, препејувач, полемичар и професор Гане Тодоровски.
Средбата е насловена „Поезија и вино“ во знак на сеќавање на големиот поет и боем.
Манифестацијата ќе ја отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а импресии за Гане Тодоровски ќе презентира Кристина Николовска.