Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ се снима во Абу Даби

Од:

Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ кое ќе почне да се прикажува следната година, се снима во Абу Даби, соопшти режисерот Џеј Џеј Абрамс, во кусо видео објавено на Јутјуб.

– Неверојатно е да се биде на ова убаво место, да се работи со овие неверојатни луѓе на филмот. Како многумина од вас, јас сум обожавател на „Војна на ѕвездите“ уште од детството и навистина е фантастично да се работи на овој филм, рече Абрамс.

Филмската екипа во текот на претстојот во Емиратите промовира и хуманитарна работа заедно со УНИЦЕФ, а среќен обожавател ќе добие можност да настапи во филмот, во рамките на таа кампања.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ