По десетти пат „Астерфест“ во Струмица

Од:

Утревечер со почеток во 19,30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе започне десеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. На присутните ќе им се обрати градоначалникот Зоран Заев, кој заедно со Општина Струмица, во континуитет од самиот почеток, финансиски го поддржуваат фестивалот.

Покрај доделувањето на наградата Астер за високи достигнувања во европскиот и светскиот филм на режисерот Борис Геретс и специјалното признание за високи достигнувања во филмската и драмската уметност на актерката Љупка Џундева, премиерно ќе биде прикажан и краткиот игран филм „Хелиум“ на Андерс Валтер кој го доби Оскарот оваа година.

Жирито кое ќе ги оценува филмовите е составено од Биргит Стаубер, Желимир Гвардиол и Стефан Шашков. Фестивалот ќе се одржува под мотото „Ново и старо“, а завршува в сабота со проекција на наградените филмови.

Би можело да ве интересира

Осуденик излегувал од затвор за да краде и ограбува

Сообраќајка во центарот на Струмица, повредени се момче и малолетничка

Струмица наскоро прв балкански град со целосно електричен јавен градски превоз

Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело

Во пожар во Струмица изгореа две куќи, двајца повредени

Малолетничка и нејзина другарка се повредени во сообраќајка во Струмица